СИГУРНА И НАВРЕМЕНА ДОСТАВА

Главна цел на МАЈАНЦА ЛОГИСТИКС ни е задоволување на барањата на нашите клиенти, преку постојано зголемување на квалитетот на нашите услуги, а ние тоа го постигнуваме со целокупната организација и логистика на транспортот, гаранција за сигурна и навремена достава на стоките до бараната дестинација. Обезбедуваме и комплетна услуга, по принципот „од врата до врата”, со завршување на сите царински постапки, доколку е тоа барање на нашите клиенти.

ЛОГИСТИЧКИ ЦЕНТАР

Нашите деловни простории се наоѓаат во административниот објект на ЈЦС СИНТЕК, кој се користи како логистички центар, со цел да бидеме во можност да понудиме комплетна услуга на нашите клиенти.